Свет
18. February 2016 - 11:28

Русија: Нападот во Анкара сигнал за обединување на сите страни во борбата против тероризмот

Терористичкиот напад во Анкара не може да има никакво оправдување, неговите организатори треба да одговараат, соопшти руското Министерство за надворешни работи, јави ТАСС. 

Изразувајќи сочувство до турскиот народ за вчерашниот напад во Анкара, руското МНР нагласи дека за таков варварски чин не може да има никакво оправдание, а неговите организатори и извршители треба да бида уапсени и изведени пред лицето на правдата.

- Терористичкиот акт во Анкара уште еднаш ја покажува потребата од обединување на сите држави во борбата со меѓународниот тероризам, се вели во соопштението на Министерството.