Русија ја регистрираше еднокомпонентната вакцина Спутник лајт
Еднокомпонентната вакцина против коронавирус „Спутник Лајт” е регистрирана во Русија, а нејзината ефикасност е 79,4 проценти, што е поголема отколку кај многу вакцини со две дози, соопшти Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ).
Според лабораторискитео истражувања на центарот „Гамалеја”, вакцината „Спутник Лајт” е ефикасна против сите нови видови на коронавирус.
„Не се регистрирани сериозни несакани ефекти по имунизацијата со вакцината „Спутник лајт”, се додава во соопштението.
Како што истакнуваат, „Спутник лајт” не бара посебни услови за складирање и логистика, а цената е прифатлива – помалку од 10 долари.
Примената на единечна доза, пак, овозможува голем број луѓе да се вакцинираат за кратко време.
Шефот на РФПИ, Кирил Дмитриев изјави дека „Спутник В” останува главно средство за вакцинација против коронавирусот во Русија, додека еднокомпонентната вакцина „Спутник лајт” ќе се извезува во странство.
Рускиот фонд соопшти дека повеќе од 20 милиони луѓе ширум светот до 5 мај ја примиле првата доза на вакцината „Спутник В”.
„Случаи на церебрална синовенска тромбоза (ЦВСТ) не се пријавени”, се вели во соопштението.
Нагласено е дека производството на вакцината ги исполнува најстрогите стандарди со темелна процедура со четири фази на прочистување на вакцината.
Ново на Сител
-
Израел соборува ирански дронови над Саудиска Арабија
-
Апел на МНР: Избегнувајте патувања во Израел и Иран
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Се трага по Владимир од Штип
-
Повеќе од 200 борбени авиони учествуваа во нападите врз Иран
-
Откажани летови низ Блискиот Исток
-
Во Кочани уапсени 13 полицајци и началници кои биле на должност вечерта кога се случи трагедијата
-
Нетанјаху: Нападот врз Иран беше „многу успешен“, операцијата ќе трае со денови
-
Иран тврди дека подготвува остар одговор на израелските напади