Русија ја продолжи хуманитарната пауза во Алепо за уште еден ден

Хуманитарната пауза во сирискиот град Алепо е продолжена за уште еден ден и ќе биде во сила од 8 да 19 часот на 22 октомври, соопшти денеска пред новинарите во Москва началникот на главното оперативно управување на рускиот Генералштаб Сергеј Рудској, пренесува ТАСС.
Тој изрази надеж дека заинтересираните страни ќе извршат притисок врз бунтовниците со цел спасување на мирните жители во источно Алепо кои „фактички се заложници на терористите".
Првично, запирањето на огнот беше најавено до 19 часот на 20 октомври, но со одлука на рускиот претседател Владимир Путин тоа беше продолжено за едно деноноќие.
Претходно, прес секретарот на Путин - Дмитриј Песков, изјави дека Русија може да ја прекине хуманитарната пауза во Алепо, ако таму ситуацијата се влоши.
Генерал Рудској уште рече дека формации на умерената опозиција и нивните началници ја спречуваат нормализацијата во реонот на Алепо. Тој соопшти дека бунтовниците натрупале 1.200 лица со тенкови и оклопни возила за офанзива против градот, а почнале да добиваат и преносни ракетни комплекси.
Ново на Сител
-

Земјотрес во Македонија – епицентарот кај Велес
-

Тешка сообраќајка кај село Робово - жена загина откако се судрила со камион
-

Шестмина вработени во фабрика во ТИРЗ-Штип се затруеле од храна
-

Бомба фрлена кон ресторан во тетовско - двајца повредени
-

„Safe City“ ги снимил: Донеле четирицикл со шлеп-служба и глумеле сообраќајка за пари од осигурување
-

Мицкоски: Она што го прави Левица за Изборниот законик е театар за нивниот мал број гласачи
-

Мицкоски: Се следи состојбата со цените на горивата, мерките остануваат на располагање
-

Украински дронови погодиле уште 12 руски танкери во Азовско Море
