Свет
29. November 2017 - 18:43

Русија ја повика Северна Кореја да ги запре ракетните проби

Русија денеска ја повика Северна Кореја да ги запре своите ракетни проби, но исто така апелираше и до САД и Јужна Кореја да ги откажат воените вежби што ги планираат за декември.

Според руското Министерство за надворешни работи, воените вежби само дополнително ќе ја заострат состојбата во регионот.

Рускиот повик доаѓа еден ден по најновата ракетна проба на Северна Кореја, при што балистичка ракета падна во близина на Јапонија.

Според Русиј,.единствено нејзиниот приод, со долготрајна дипломатска работа да се изнајде решение прифатливо за сите, ќе биде применлив во корејската криза.