-->
-->
Русија, Иран и Турција ги повика ОН да ја зголеми помошта за Сирија
-->
- Претседателите на Турција, Русија и Иран, Реџеп Тајип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани денеска ја повикаа меѓународната заедница да ја зголеми помошта за Сирија.Во заедничката изјава на Ердоган, Путин и Рохани од тристраната средба во Анкара, се повикува меѓународната заедница и, посебно, ОН да ја зголемат помошта за Сирија, односно да испратат дополнителна хуманитарна помош, да придонесат во активностите за деминирање, обнова на инфраструктурните објекти, вклучувајќи ги и социјалните и економските, и да се зачува историското наследство.
Следната тристрана средба ќе се одржи во Иран, на покана на Рохани.
Во текстот уште се наведува дека трите земји ќе продолжат да соработуваат во борбата против терористичките организации Исламска држава и Ал Каеда, како и групите поврзани со нив.
Претседателите на Турција, Русија и Иран ја потврдија својата решеност да продолжат со активна соработка во Сирија за да постигнат траен режим на прекин на огнот, се вели во заедничката изјава.
Тие уште побараа од сите страни во сирискиот конфликт да се придржуваат кон Резолуцијата 2401 на Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот низ целата земја, се вели во изјавата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
