Русија и Украина извршија напади врз воени аеродроми
– Министерството за одбрана на Русија соопшти дека вооружените сили нападнале инфраструктура на воените аеродроми, магацини и подготвителни локации за лансирање на беспилотни летала на украинската армија.
Во соопштението на руското МО се истакнува и дека единиците на Северната група нападнале формации на украинската армија во населбите Волчанск и Охримовка во Харковската област.
Во меѓувреме Генералштабот на украинската армија соопшти дека синоќа извршиле напад врз рускиот аеродром Приморско-Ахтарски во руската Краснодарската територија.
Аеродромот се користи за складирање, подготовка и лансирање на беспилотни летала Шахед низ целата територија на Украина, како и за сервисирање на авиони кои извршуваат мисии во регионите Запорожје и Керсон.
Потврдени се напади и експлозии во целната област, наведе Генералштабот на украинската армија.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба