Русија демантира дека нејзин авион го нарушил турскиот воздушен простор, Столтенберг со предупредување до Москва

Руското Министерство за одбрана ги демантира тврдењата на Турција дека завчера руски воен авион Су-34 го нарушил турскиот воздушен простор.
- Немало никакви нарушувања на воздушниот простор на Турција од авиони на руската авиогрупа во Сириската арапска република. Тврдењата на турската страна дека руски авион Су-34 го нарушил воздушниот простор се чиста пропаганда, изјави портпаролот на Министерството Игор Конашенков.
- Уверен сум дека турските експерти по противвоздушна одбрана знаат дека радиолокациските станици (радарите), кои вршат контрола на воздушниот простор, можат да ја фиксираат само височината, курсот и брзината на објектот во воздух. Ниту еден радар не е способен да го утврди типот и државната припадност на воздушниот објект, дали тој е на Русија или на коалицијата, предводена од САД, рече Конашенков.
Тој додаде дека тоа е можно само при визуелен контакт со другиот авион.
Во меѓувреме генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја повика Русија да ги преземе сите потребни мерки за да не дојде до нови нарушувања на воздушниот простор на Алијансата.
Тој потврди дека руски воен авион го нарушил вчера турскиот воздушен простор и покрај повеќекратните предупредувања од турските власти.
- Претходните инциденти покажуваат колку е опасно таквото однесување, се вели во соопштението на Столтенберг.
- Ја повикувам Русија да дејствува одговорно и целосно да го почитува воздушниот просттор на НАТО, додаде тој.
Столтенберг нагласи дека НАТО е целосно солидарна со својата членка Туриција и оти го поддржува нејзиниот територијален интегритет.
Ново на Сител
-

Приведени тројца бугарски државјани кои биле затекнати со делови од македонски народни носии
-

Сиљановска Давкова за можен прием на мигранти: Колку што сум информирана од британскиот амбасадор и од Владата тоа не е точно
-

Промени во раководството на ВМРО-ДПМНЕ, па до мај реконструкција на Владата и смени во дел од државните институции, најави Мицкоски
-

Алиу го презентира напредокот на националниот систем за трансплантација и реализацијата на инфраструктурните инвестиции во здравството
-

Сиљановска Давкова: Родово одговорното буџетирање овозможува реална проценка и поправедна распределба на јавните средства
-

Кривична за 24-годишна девојка, управувала возило со 126 километри на час на место каде е ограничено 50
-

Приведени двајца крадци од Куманово, на сила одзеле делови од автобус
-

Приведен 30-годишник од Неготино кој му се заканувал на својот татко
