Русија демантира дека имало руски напади врз израелски авиони во Сирија
Портпаролот на Кремљ ги демантираше денеска објавите во медиумите дека рускиот претседател Владимир Путин и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговарале за наводните инциденти меѓу руските сили во Сирија и израелските воени авиони.
- Не сакам да ги коментирам израелските весници. Во овој случај соопштенијата на израелските весници се далеку од вистината, изјави Дмитриј Песков.
Тој нагласи дека Путин и Нетанјаху разговарале за ситуацијата во Сирија и во регионот на Блискиот Исток, како и за трговско-економската соработка меѓу двете земји. Според него средбата била „мошне корисна и содржинска“.
Израелски весници објавија дека руските силите во Сирија најмалку два пати стрелале врз израелски воени авиони, што го принудило премиерот Нетанјаху да бара зајакната оперативна координација со Москва.
Ново на Сител
-
Азески: Господ на помош на тој што ќе донесе милијарда евра
-
Преглед на вестите од светот
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди