Русија бесна – Весникот Шарли Ебдо се потсмева со падот на рускиот авион
Карикатурите на францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ за падот на рускиот авион во Египет претставуваат богохулие кое нема никаква врска до демократијата, изјавил денес Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владими Путин.
“Во оваа земја ние тоа го нарекуваме со јасен збор – богохулие. Тоа нема никаква врска со демократија, самоизразувањето или било што друго. Тоа е чисто богохулие”, им рекол Песков на новинарите.
Песков рекол дека со колегите се обиделе да пронајдат карикатури за новинарите на списанието, кои биле убиени од терористите, но дека не успеале да пронајдат.
„Доколку биле објавени такви карикатури, и тие би биле богохулие”, нагласил тој.
„Така барем ние се однесуваме во оваа земја. Не ги коментирам моралните стандарди на Французите, тоа е нивна работа – но во оваа земја тоа е богохулие”, повторил Песков.
Авионот “A321” на компанијата “Когалимавија” се урнал во саботата во Египет, и притоа загинале сите 224 патници и членови на екипажот, повеќето од Русија.
Две контроверзни карикатури за оваа трагедија биле објавени во последниот број од списанието Шарли Ебдо. На една се гледаат делови од авион и патници како паѓаат од небото над забраден вооружен маж. Над тоа пишува: “Исламската држава: Руската авијација го засилува бомбардирањето”.
На другата фотографија нацртан е череп меѓу остатоците од авионот и телата на настраданите патници, која зборува за опасноста од летовите со руските нискобуџетни компании.
Ново на Сител
-
Каде ќе се одржуваат рочиштата за трагедијата во „Пулс“?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-
Доживотен затвор за обвинетите за убиството на Вања и Панче, таткото на Вања доби ослободителна пресуда
-
Скопскиот Кривичен суд ќе го води судскиот процес за пожарот во кочански „Пулс “
-
Радев со писмо до Брисел ги брани своите позиции, за Мицкоски апсурдно е креирање на нација во 21 век
-
Историска одлука на НАТО: Земјите членки ќе издвојуваат по 5% од БДП за одбраната
-
Алиу со дигитализација во министерскиот кабинет – секој петок 15 минутен онлајн разговор со граѓани
-
Банките доброволно да ги намалат провизиите или државата ќе ги регулира надоместоците