Русија бележи пораст од 38 отсто на приходите од извозот на енергенси оваа година, се наведува во владин документ
Поголемиот обем на извоз на нафта, заедно со зголемувањето на цените на гасот, ќе ја зголемат заработката на Русија од извозот на енергенси на 337,5 милијарди долари оваа година, што е раст од 38 отсто во однос на 2021 година. Тоа се нагласува во документ од Министерството за економија на Русија во кој имале увид западни медиуми.
Скокот на приходите, доколку се оствари, ќе помогне да се зајакне руската економија пред брановите на западните санкции. Тоа ќе му обезбеди на претседателот Владимир Путин готовина за финансирање на воените трошоци или за зголемување на платите и пензиите во време кога економијата западна во рецесија, а инфлацијата го намалува животниот стандард, јавија медиумите.
Но, бумот на заработката од енергијата само делумно ја компензира штетата од санкциите за економијата во целост, велат аналитичарите.
„Влијанието на санкциите врз руската економија е многу нерамномерно. Во некои сектори беше катастрофално, како што е автомобилската индустрија. Нафтениот сектор засега е релативно неповреден“, вели Јанис Клуге, виш соработник во Германскиот институт за меѓународни и Безбедносни работи.
Покрај автомобилите, тој ги наведе ИТ и финансиите како два од најтешко погодените сектори. „Овие сектори имаа најсилни врски со Западот и, следствено, најмногу страдаат.
Документот на министерството проектира дека приходите од извозот на енергенси ќе бидат 255,8 милијарди долари следната година, што е сепак повисока од бројката од 244,2 милијарди долари во 2021 година.
Просечната цена на извозот на гас ќе се удвои оваа година на 730 долари за 1.000 кубни метри, пред постепено да падне до крајот на 2025 година, според прогнозите на аналитичари.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот