Русеф: Целта на импичментот е да се спречи истрагата за корупција

Дилма Русеф, која времено е отстранета од функцијата претседател на Бразил, изјави во вчерашното интервју за весникот „Фолја ди Сао Пауло“ дека истечените снимки на политичари, кои го поддржуваат нејзиниот импичмент покажуваат дека целта на процедурата е да се спречи истрагата на голем корупциски скандал, кој засега голем број водечки политичари и бизнисмени.
Русеф истакна дека откритијата во снимките и даваат надеж дека таа ќе се врати на претседателската функција. Времен претседател на Бразил, додека Сенатот решава за нејзината судбина стана заменик-претседателот Мишел Темер.
Снимените разговори на тројца политичари од партијата на Темер, Бразилско демократско движење, изгледа го поврзуваат отстранувањето на Русеф со обидите да се ограничи истрагата. Учесниците во снимките го отфрлаат таквото толкување и засега нема докази дека тие и пречеле на истрагата за корупција во нафтениот гигант Петробраз.
Русеф нагласи дека од снимените разговори станува јасно дека иницијаторите на импичментот сакала да ја спречат истрагата, во која таа всушност не се мешала.
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
