Руни: Англија е фаворит
Поранешниот англиски репрезентативец Вејн Руни оцени во колумна за лондонскиот весник „Сандеј Тајмс“ дека неговите сонародници се фаворити против Италија во вечерашното финале на ЕУРО2020.
Руни, кој во кариерата одигра 125 натпревари во англискиот дрес, истакна дека клучно за освојување на првата европска титула во историјата на англискиот фудбал ќе биде избраниците на селекторот Герет Саутгејт да наметнат своја игра на стадионот „Вембли“.
– Моето предупредување е да не бидиме фатени во италијанската стапица и начинот на кој тие ќе се обидат да ја успорат играта. Доколку јас сум на местото на Герет би ги советувал англиските фудбалери да играат брзи и ниско по земја, да одржуваат високо темпо на игра и да ги принудат италијанските играчи преку постојано трчање да попуштат на физички план, истакна актуелниот тренер на Дерби Каунти во својата авторска колумна за „Сандеј Тајмс‘.
Ново на Сител
-

Белата куќа ги минимизира иранските напади врз бродови во Ормуската Теснина
-

Без струја делови од Карпош и Гази Баба
-

Променливо облачно со сончеви периоди, следува стабилно и потопло време
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
