Рубио ќе се сретне со Орбан на разговори за енергетика

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска треба да се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта.
Според американскиот Стејт департмент, кратката посета на Рубио на Будимпешта ќе се фокусира на енергетското партнерство меѓу двете земји. Унгарија речиси целиот свој природен гас го набавува од Русија.
Вашингтон врши притисок Унгарија да купува американски течен природен гас во големи размери во иднина.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто однапред нагласи дека разговорите со Рубио ќе се фокусираат и на начините за прекин на руската агресивна војна против Украина, како што изјави за унгарското државно радио.
Билатералните односи со Соединетите Американски Држави во моментов доживуваат „златно доба“ откако американскиот претседател Доналд Трамп ја презеде функцијата, додаде Сијарто.
Причината за ова, рече тој, е тоа што Вашингтон ѝ дозволи на Унгарија да увезува нафта од Русија и покрај санкциите, а исто така ја ослободи од санкции планираната руска инвестиција во унгарската нуклеарна централа во Пакш.
Орбан и неговата влада одржуваат добри односи со Кремљ и Трамп со години.
МИА
Ново на Сител
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
