-->
-->
Рубин противник на Работнички во баражот од Лига Европа
-->
Екипата на Рубин ќе биде ривалот на Работнички во баражот од Лига Европа. Ова е епилогот на денешната ждрепка одржана во Нион во седиштето на УЕФА.
Првиот натпревар на 20.август се игра во Скопје, а реваншот е седум дена подоцна во Русија.
Ова за Работнички е второ учество во баражот откако претходно пред четири години беше елиминиран од Лацио.
Рубин во претходното коло од квалификациите на ЛЕ го елиминира Штурм со вкупни 4:3 (3:2 победа на гости, 1:1 дома во реванш).
Оваа екипа последниот шампионат на Русија го заврши на 5.место, а има освоено две титули (2008 и 2009 година) и еден Куп на Русија 2012 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
