РТС: ЕУ ја одложи одлуката за забрана за увоз на руска нафта на Балканот
– Европската унија ја одложи одлуката за можното изземање на Западен Балкан од забраната за увоз на руска нафта и ќе се врати на ова прашање пред да стапи на сила забраната, јавува РТС, повикувајќи се на изјавата на неименуван европски функционер во Брисел, кој е вклучен во подготовката на санкциите против Русија, јави дописникот на МИА од Белград.
Ќе треба да одлучиме дали Хрватска ќе може и понатаму да увезува руска нафта по морски пат, а потоа да ја испорача на други во Западен Балкан, беше кажано во Брисел, пренесува РТС.
Како што се наведува, европскиот функционер нагласил дека од гледна точка на ЕУ „пожелно е земјите кандидати да се усогласат со политиката на санкции, а дебатата ќе покаже како неусогласеноста на Србија ќе влијае на дерогацијата т.е. одлуката за изземање од забраната за руска нафта“.
Изворите наведуваат дека земјите-членки треба да одлучат дали Западен Балкан може да има „попривилегирана позиција“ од самите членки во однос на увозот на руска нафта, „имајќи предвид дека станува збор за трети земји кои ни се многу блиски“.
Ново на Сител
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули