РСБСП: Законска и етичка обврска е пропуштање возила со првенство на минување

Пропуштањето на возилата со право на првенство на минување кога со посебни уреди даваат светлосни и звучни знаци е законска, етичка и хумана обврска на секој учесник во сообраќајот, порачаа денеска од Републичкиот совет за безедност на сообраќајот на патиштата.
Оттаму ги советуваат возачите како да постапат во случај да се најдат во ситуација да го делат сообраќајот со возила со право на првенство на минување. Им укажуваат да го лоцираат возилото, да ја анализираат состојбата, да одреагираат, да го гледаат возачот и да внимаваат на неговите сигнали. Не треба, како што потенцираат, да кочат нагло, да прават изненадувачки маневрирања и да прават нов проблем.
– Доколку се наоѓате на отворен пат, без многу сообраќај, дозволете му на возилото со право на првенство на минување, полесно да ве заобиколи, така што ќе ја намалите брзината и максимално ќе се поместите во десно. Доколку сообраќајот е густ, обидете се да најдете место да застанете на страна. Меѓутоа во градските гужви, ситуацијата е неспоредливо по комплицирана – не постои универзален совет. Морате да изреагирате во согласност со околностите. Направете што е потребно да го пропуштите возилото со право на првенство на минување, а притоа да не се загрозите себеси или другите учесници во сообраќајот. На автопат само ослободете ја левата лента-тоа ќе биде доволно, советуваат од РСБСП.
Тие укажуваат дека при обидот да се пропушти возилото со првенство на минување може да се предизвика сообраќајка и затоа, како што велат, се што ќе се презема треба да биде апсолутно безбедно, па дури и ако тоа значи моментално успорување на возилото со право на првенство на минување.
– Возачите на Итната помош се искусни и вешти „борци“ кои ќе знаат да го искористат секој сантиметар кој ќе им се обезбеди со поместување на вашето возило. Возилата на службата за брза помош, на противпожарната служба, на полицијата и на Армијата на Република Македонија, кога со посебни уреди даваат светлосни и звучни знаци, имаат право на првенство на минување во однос на сите други возила освен во однос на возилата под придружба и возилата што се движат низ крстосница на која сообраќајот е регулиран со светлосни сообраќајни знаци или со знаци на униформиран полициски службеник, под услов да не ја загрозуваат безбедноста на другите учесници во сообраќајот, појаснува РСБСП.
Ново на Сител
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
-

Ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 2.000 во светот
-

За првпат во Македонија ќе се полага три вида матура
-

Македонците одбиваат пари за да го променат политичкото убедување покажуваат европските истражувања
