РСБСП со нова кампања „Животот е подеднакво кршлив”

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во пресрет на новогодишните празници ќе ја реализира кампањата „Животот е подеднакво кршлив” во која главниот акцент ќе биде ставен на младите и неискусни учесници во сообраќајот како посебна ранлива група во овој период од годината.
Целта на кампањата, соопшти денеска РСБСП, е да им покажеме на младите луѓе дека брзото возење, употребата на мобилен телефон и конзумирањето алкохол при управување со моторното се една од главните причини за сообраќајни несреќи и тие во комбинација со неискусен возач може да бидат предизвикувачи на сообраќајна несреќи со фатални последици.
Кампањата првенство ќе има едукативен карактер, преку специјално дизајнирани едукативни материјали кои ќе бидат поделени на оваа популација. Тие содржат пораки и совети кои што младите треба да ги почитуваат за да бидат безбедни на патиштата. Понатаму, младите преку промотивни и едукативни активности ќе се едуцираат на оваа тема.
Во рамки на кампањата РСБСП ќе продолжи со совети и предавања за младите, а во Скопје и низ Македонија ќе има штандови со материјали и едукација.
Од РСБСП посочуваат дека нивната цел е преку овие активности да ги објаснат ризиците и опасности кои ги демнат при несоодветно и небезбедно учество во сообраќајот и тоа непосредно пред да влезат во својот автомобил.
Инаку,статистиката покажува дека во светски рамки сообраќајни несреќи се причина број еден за смртност помеѓу младите на возраст од 15-19 години и втора причина за смртност на младите помеѓу 20-24 години. Во Македонија во првите 9 месеци се случиле повеќе од 1000 сообраќајни несреќи во кои причината била брзото возење или пак возење под дејство на алкохол.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Приговорот на ЕСМ е доказ дека Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално
-

Во младите е клучот за развој на турзимот
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Односите меѓу Кина и Русија во нова фаза на побрз развој; Путин: Нашето партнерство е за пример
-

Устен демарш за амбасадорот на Албанија во Македонија
-

ЕУ одобри 65,7 милиони евра од планот за раст на Македонија
