-->
-->
Розенборг последна шанса за Вардар да освои бод(ови) во ЛЕ
-->
Вардар вечерва на Арена „Филип Втори“ против Розенборг ќе го одигра последниот натпревар од своето прво учество во фудбалската Лига на Европа.
Вардар во претходните пет кола запиша исто толку порази, па се надева дека на средбата со норвешкиот претставник ќе успеа да дојде барем до првиот бод.
И за Розенборг овој дуел ќе биде последен на евро-сцената оваа сезона, но и двете екипи најавуваат атак на трите бода, без оглед што средбата нема резултатско значење од аспект пласман во следната фаза.
Вардар ќе настапи без Ховханес Хамбарџумјан кој што има жолти картони, а Владица Брдаровски одамна не е во комбинација поради повреда.Тренерот Чедомир Јаневски најави извесни „рокади“ во составот.
Почетокот на натпреварот е во 21 часот и 5 минути.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од рапер до претседател на Собрание - Кој е Африм Гаши?
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!
-
Од 1 јуни Македонците полесно до работна виза во Германија
-
Протест во зоната на Визбегово
-
Земјоделците постигнаа времен договор