-->
-->
Розберг објави крај на својата кариера
-->

Новиот шампион во формула 1 Нико Розберг реши да ја заврши кариерата, иако пред само пет дена ја освои титулата шампион во формула 1 за 2016 година. Повлекувањето на 31-годишниот возач претставува големо изненадување. Тој шампионската титула ја освои со мсамо пет бодови повеќе од клупскиот колега од Мерцедес Луис Хамилтон.
- Низ 25-те години натпреварување, од мојата шеста година, тоа беше мојот сон, моја „работа“ да станам шампион во формула 1. Со многу труд, болки, жртви тоа беше мојата цел. Успеав, напиша во својата порака каде го објави своето повлекување. Во неделата наутро пред трката во Абу Даби, знаев дека ова може да биде моја последна трка.
Одлуката за повелекување Розберг ја донесе во понеделникот навечер.
Тој во својата кариера имаше 206 старта на трките во формула 1, а победи оствари на 23 и притоа имаше и 57 подиуми. Своето деби Нико го имаше во 2006 година на трката за Големата награда на Бахреин, а првата победа ја постигна шест години подоцна на трка за ГН на Кина. Последната победа му беше на патеката Сузука за ГН на Јапонија во октомври годинава.
Розберг покарј за Мерцедес возеше во формула 1 и за тимот на Вилијамс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
