Розберг: Ботас имаше лоша среќа, подобар е од она што го покажа досега
Нико Розберг смета дека Валтери Ботас може да ја искористи новата сезона како можност да се подобри, како и да го „нервира“ својот тимски колега во Мерцедес – Луис Хамилтон.
Финскиот пилот е во сенка на петкратниот светски шампион откако се приклучи на тимот во 2017 година. Неговиот претходник, сепак, верува дека Валтери е способен да предизвика грижи кај Луис.
– Валтери е многу подобар од она што тој го покажа досега. Со почетокот на новата сезона, тој има добри шанси да заземе многу посилна позиција, па дури и да го нервира Луис. Мислам дека е можно, се зависи од тоа како ќе почне сезоната. Минатата година, Ботас имаше лоша среќа. Ако сега е на негова страна и добро почне, тој може да биде во многу поинаква ситуација, вели Розберг за „Скај Спортс“.
Во 2019 година, Мерцедес ќе се стреми кон шеста последователна двојна титула. Нико не сака да види друг тим или пилот да ги постигне овие успеси, но сака да види поинтересна битка во тимот.
– Дотука беше одлична серија, и не мислам дека треба да има промена.Но време е за обновена битка во челото. Мерцедесите остануваат најдобри, вели Германецот
Ново на Сител
-
Разговорите за нова влада во тек, Управен треба да одлучува по одлуките на ДИК за прегласување
-
САД одобрија потенцијална продажба на воена опрема на Украина во вредност од 100 милиони долари
-
Од денеска почнува пријавувањето за бесплатно подигнување кабаст отпад во сите населби во Кисела Вода
-
Министерство за одбрана на Русија: Неутрализирани повеќе од 100 украински беспилотни летала при ноќни напади
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Сончево и топло, до 25 степени
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија