-->
-->
Рош: Ветувачки резултати за коктел против Ковид-19
-->
Швајцарската фармацевтска компанија „Рош“ претстави ветувачки резултати од клиничките испитувања за експериментален коктел против Ковид-19.
Тој ги комбинира лековите казиривимаб и имдевимаб (casirivimab и imdevimab) и е наменет за пациенти кои не се хоспитализирани.
Коктелот е заеднички развој со американската лабораторија „Регенерон“.
„Податоците од третата фаза на проучувањето покажуваат 70 отсто намалување на хоспитализациите или смртните случаи кај пациенти со Ковид-19 на кои не им е потребна хоспитализација“, се вели во соопштението на швајцарската компанија.
Податоците, исто така, покажуваат намалување на времетраењето на симптомите за четири дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи