Роналдо започна преговори со Ал-Наср за продолжување на договорот
Фудбалерот на Ал Наср, 39-годишниот Кристијано Роналдо, влезе во преговори со саудискиот клуб за продолжување на договорот, објави новинарот Николо Шира на социјални мрежи.
– Португалецот има намера да се натпреварува на Светското првенство во 2026 година и потребни му се натпревари за да остане во форма, смета Шира.
Доколку тоа се случи, Роналдо ќе стане првиот играч во историјата кој учествувал на шест различни Светски првенства.
Роналдо се пресели во Ал-Наср на 30 декември 2022 година. Клубот од Саудиска Арабија потпиша договор со Португалецот на 2,5 години. Беше објавено дека зделката е вредна 200 милиони евра по сезона.
Во тековната сезона, Роналдо забележа седум настапи за Ал-Наср во сите натпреварувања, постигнувајќи шест гола и две асистенции.
Ново на Сител
-

Земјоделските задруги клучни за подобрување на конкурентноста
-

Аграрот старее, младите се повлекуваат
-

Преглед на вестите од светот
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
