Роналдо: Планирам да играм уште 4-5 години
Напаѓачот на Манчестер јунајтед, по добивањето на специјалната награда од ФИФА „The Best“, објави дек апланира да игра уште 4-5 години.
– Горд сум што сум најдобар стрелец на сите времиња на меѓународно ниво. Сè уште имам страст да играм и да постигнувам голови. Кога излегувам на теренот, дури и на тренинзите, мотивацијата ми е таму. Имам околу 37 години, но се чувствувам одлично. Планирам да играм уште четири или пет години, изјави Роналдо.
Светската фудбалска асоцијација му оддаде почит на 36-годишниот кој постави нов светски рекорд за меѓународни голови во 2021 година. Сега тој има 115 постигнати голови. Роналдо со 109 гола го надмина поранешниот ирански напаѓач Али Даеи.
Во гласањето за Златната топка – 2021 година, португалскиот напаѓач го зазеде шестото место.
Роналдо оваа сезона настапи на 22 настапи за Манчестер јунајтед, постигнато 14 гола и три асистенции.
Ново на Сител
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи