-->
-->
Роналдо: Магична ноќ за мене
-->

Кристијано Роналдо не го криеше воодушевувањето по победата над Волфсбург (3:0), во Лигата на шампионите. Португалецот со три гола го однесе Реал во полуфиналето, кое за „кралскиот клуб“ е шесто во последните шест сезони, со што го израмни рекордот на Барселона.
Кристијано Роналдо во победата над Волфсбург собори два рекорда, стана првиот играч кој во две различни сезони во ЛШ постигнал најмалку 15 голови, односно првиот играч кој во една сезона во ЛШ три пати постигнал „хет трик“.
„Го контролиравме натпреварот, игравме со висок интензитет, успеавме да постигнеме два брзи гола. Го контролиравме натпреварот, иако и Волфсбург добро играше. Сепак ние бевме подобри, создадовме повеќе шанси и заслуживме да минеме во полуфиналето“, рекол Роналдо.
Португалецот ја игра шестата сезона во која постигнува најмалку 45 голови во сите натпреварувања.
„Головите се во мојата ДНК, ова беше магична ноќ“, им изјавил Роналдо на новинарите по победата над Волфсбург.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обвинетиот за потпалувањето на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Од 1 мај директна авиолинија меѓу Тиват и Скопје
-

Нелојална конкуренција во занаетчискиот сектор
-

Недела на италијанскиот јазик во Штип
-

Околу 3.500 граѓани од струмичкиот регион се пријавиле за бесплатна вакцинација против грип
-

Прилепската болница прва во Македонија ќе добие „Соба за испраќање на бебињата“
-

Преглед на вестите од светот
-

„Роаминг како дома“ во земјите од ЕУ од следното лето?!
