Фудбал
15. February 2024 - 8:56

Роналдо го одигра својот 1.000 натпревар на клупско ниво

Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо вчеравечер го постигна победничкиот гол во првиот осминафинален натпревар од азиската Лига на шампиони против Ал Феиха (1:0). За португалскиот фудбалер овој натпревар беше јубилеен – 1.000-ти на клупско ниво. 

Триесет и деветгодишниот Роналдо има 31 натпревар за Спортинг, 346 за Манчестер јунајтед, 438 за Реал Мадрид, 134 за Јувентус и 51 за Ал Наср.

Во текот на својата клупска кариера, фудбалерот постигна 746 гола, од кои 45 за Ал Наср.

Кристијано Роналдо е петкратен добитник на Златна топка. На клупско ниво, тој стана шампион на Англија три пати и ги освои првенствата на Шпанија и Италија по два пати, а пет пати ја освои и Лигата на шампионите.