Романскиот претседател повика да „се слуша гласот на народот"
Романскиот претседател Клаус Јоханис побара од Владата да се откаже од намерите за помилување на осудени лица и за промени во Кривичниот законик, кои предизвикаа масовни протести, при што нагласи дека „гласот на луѓето не може да се занемари", јави Аџерпрес.

- Владата не може да ја занемарува волјата на граѓаните, која е неприкосновена. Гласот на луѓето повеќе не може да биде игнориран! Добра демократија е онаа во која мнозинствата не ги злоупотребуваат своите права само затоа што привремено ја имаат власта. Барам од Владата да се откаже од постапките за помилување и од измени во Кривичниот законик, објави на Фејсбук шефот на романската држава.
Над 50.000 Романци протестираа синоќа во Букурешт против предлог законите, со чие исвојување би се ослободиле илјадници затвореници и би се отежнале истрагите за корупција.
Ново на Сител
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
