-->
-->
Романскиот претседател именува тројца нови министри
-->
Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска потпиша декрет за именување на тројца нови министри по минатонеделните оставки на министерот за регионален развој, за транспорт и за европски фондови.
Романскиот премиер Михај Тудосе вчера ги предложи Паул Станески за вицепремиер и министер за регионален развој, Феликс Строе за министер за транспорт и Мариус Ника за европски фондови.
Тие ќе ги заменат Севил Шајдех, Разван Кук и Рована Плумб, кои поднесоа оставки минатата недела по тензичната седница на владејачката Социјалдемократска партија, која не сакаше да ја повлече политичката поддршка за нив.
Тројцата нови министри ќе положат заклетва вечерва во претседателската палара.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на армијата во справувањето со пожарите
-
Пожарот кај Николиќ трет ден е активен, огнот се шири со помош на силниот ветер
-
Црниот густ чад од Визбегово опасност по здравјето
-
Тема на денот со Димитар Николовски - Евротинк
-
На Прилеп му се потребни 260 литри вода во секунда, а се троши 420, потребно е штедење
-
Преглед на вестите од светот
-
Поради пожари затворен граничниот премин Блаце