-->
-->
Романски судија призна грешка?!
-->
Романскиот судија Овидио Хатеган призна дека погрешил во бараж мечот помеѓу Швајцарија и Северна Ирска кога досудил пенал за Швајцарците со што им овозможи да се пласираат на мундијалот во Русија.
Кори Еванс беше играчот кого топката го погоди во рамето на првиот бараж меч во Белфаст но Романецот виде рака и покажа на белата точка. Родригез успеа да реализира и со тој погодок единствен на двете бараж средби да обезбеди мундијалски пласман за својата селекција.
„Беше тоа тажен момент за мене бидејќи направив грешка. Но и тоа е дел од спортот и успеав да се изборам со тоа благодарение на поддршката од мојата фамилија“ изјави Хатеган кој не е на списокот од 26 судии кои ќе ја делат правдата во Русија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена