-->
-->
Романија: Градоначалниците со условни пресуди ги губат мандатите
-->

Уставниот суд на Романија денеска одлучи дека е неуставен законот со кој претставниците на локалните власти ги губат мандатите само ако имаат ефективни пресуди.
Уставниот суд се изјасни против законот со кој им се дозволуваше на градоначалниците и претседателите на окружните совети да можат да останат на функциите ако се условно осудени.
Романскиот претседател Клаус Јоханис побара преразгледување на Законот, но откако Парламентот го одби барањето, тој се обрати до Уставниот суд.
На последните локални избори во јуни поголем број од кандидатите кои освоија мандати веќе се осудени или против нив се водат судски процеси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од отпад до „црно злато“: Рецепт за здрава Преспа
-

Итно да се преземат еврокодовите за поголема безбедност на градилиштата
-

Неопходно е формирање на туристичка полиција
-

Нова опрема за пожарникарите пред сезоната на пожари
-

Годинава се очекуваат рекордни количини на тутун од над 31 милион килограми
-

Преглед на вестите од светот
-

Обвинителството бара притвор за десетмина инволвирани во увозот на нелегални ботокси и филери
-

Тема на денот со Изет Меџити, ВРЕДИ
