Романец со сила одзел златен ланец на лице во Ѓорче Петров

Романец е осомничен за тешка кражба во Скопје, информираат попладнево од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
-Основното јавно обвинителство - Скопје поведе постапка против романски државјанин, осомничен дека во Скопје извршил кривично дело - тешка кражба, според член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Осомничениот 41-годишник, делото го извршил на 21 март, во Ѓорче Петров, кога на дрзок начин и со сила одзел златен ланец со крст од еден оштетен, тргајќи му го од вратот. Потоа почнал да претура по полицата од дневната соба, ја отворил фиоката и одзел 2.500 денари. Така осомничениот се стекнал со вкупна противправна имотна корист во износ од 11.500 денари, по што веднаш се дал во бегство, појаснуваат од Обвинителството.
Имајќи предвид дека станува збор за странски државјанин без регулиран престој во државава, нагласуваат оттаму, јавниот обвинител оценил дека постои опасност од бегство и до Судот доставил предлог за определување мерка - притвор.
МИА
Ново на Сител
-

Непочитувањето на мерките може да ја продолжи епидемијата во Гостивар
-

Поскапуваат бензините, дизелот и парното греење
-

Дополнетиот ребаланс на буџетот на пленарна седница
-

Шпанскиот државен секретар за ЕУ во посета на Македонија – интеграциите и односите со Бугарија во фокус на разговорите
-

Без дозвола и без регистрација – малолетници дивеат во сообраќајот
-

Доајенот на македонското глумиште замина во легендите, почина актерот Гоце Тодоровски
-

Временските промени опасност за посетителите на планина
-

Преглед на вестите од светот
