Роман од Лафазановски преведен на српски јазик

„Геопоетика” од Белград на српски јазик го објави романот „Историјата на луѓето кои умреа од страв” на Ермис Лафазановски. Преводот е на академик Ристо Василевски, а е објавен со поддршка на Фондацијата С. Фишер на мрежата Традуки.
- Антропологијата на стравот, како и манипулативните стратегии кои стравот го користат како секојдневно оружје за затапување на чувството за објективност се клучни теми што преовладуваат во романот. Ликовите во текот на целото дејство се суптилно изложени на најразлични застрашувања чија цел е од поединците да направат послушен колектив... Со својот несекојдневен роман Лафазановски го потврдува своето високо, неприкосновено место во современата македонска проза, нудејќи роман кој ги катапултира неговите луцидни постапки во впечатливо и комплетно дело, пишува во редакциската белешка за романот.
Ова е втор роман на Лафазановски кој за кратко време е објавен на српски јазик. Во 2013 година овој белградски издавач го објави и неговиот роман „Храпешко”, исто така во превод на академик Василевски.
Ново на Сител
-

Дебата за институционалните капацитети за спречување и борба против корупцијата
-

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Хрватска, средби со Милановиќ и Пленковиќ
-

Тркалезна маса за можноста за воведување уставна жалба
-

Тел Авив под оган, Иран негира преговори: Ескалација на конфликтот на Блискиот Исток
-

Пентагон ја ревидираше медиумската политика согласно судска наредба, но најави жалба
-

Земјотрес со магнитуда од 7,6 степени регистриран во Тихиот Океан во регионот на Тонга
-

Денес облачно време со сончеви периоди и повремен дожд
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
