Рохани во Париз го истакна иранското искуство во прифаќањето бегалци
Иранскиот претседател Хасан Рохани, во говорот пред Францускиот институт за меѓународни односи во Париз, го потенцира иранското искуство во прифаќањето бегалци, пренесоа американските медиуми.
Рохани потсети дека Иран им дал засолниште на три милиони лица, кои избегале од војната во соседен Авганистан и додаде дека тоа може да послужи како пример за Европа, која се обидува да се справи со миграциската криза.
- Нашата земја презеде тежок товар во текот на сите овие години, прифаќајќи три милиона мигранти, без да се жали, рече Рохани. Тој, меѓутоа, не навлезе во детали за тоа како Иран се справил со миграциската навалица.
Рохани изјави дека успешните преговори на Иран со Западот можат да послужат за пример за изнаоѓање решение за регионалните кризи на Блискиот исток.
Иранскиот претседател кажа дека за да може ваквата дипломатија да даде резултат двете страни треба да ги намалат своите претензии.
-Тоа ни овозможи да ја постигнеме спогодбата за иранската нуклеарна програма и за кревање на санкциите. Секоја страна од оваа спогодба треба да чувствува дека таа е од корист и за двете страни, рече Рохани.
Ново на Сител
-
Поротниците го прогласија Трамп за виновен за сите обвиненија во случајот „пари за молчење“
-
Завршува најголемата вежба на НАТО во која учествуваат 90 илјади војници
-
Србија/Локални избори: Почна предизборниот молк
-
Политико: Бајден тајно и дал дозвола на Украина да изврши напади во Русија со американско оружје
-
Сончево со мала до умерена облачност, температура до 31 степен
-
Кривична пријава против двe лица кои со измама изнудувале пари од охриѓани
-
Сообраќајка на патот Битола - Демир Хисар, сообраќајот во прекин во двата правца
-
Прв закон за реорганизација на управата