Рохани ја откажа посетата на Париз поради терористичките напад
Иранскиот претседател Хасан Рохани ја откажа денешната посета на Франција поради терористичките напади во Париз, во кои загинаа повеќе од 126 лице, соопшти иранското Министерство за надворешни работи.
„Поради терористичките инциденти во Париз, а во координација со домаќините, иранскиот претседател ја одложи посетата на Италија, ватикан и Франција за некој поповолен момент, потврди иранското Министерство за надворешни работи.
Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф му испрати порака на францускиот претседател Франсоа Оланд во која ги осудува синоќешните напади во кои загинаа најмалку 126 лица и 200 се повредени.
Рохани наведе дека Иран и „самиот бил жртва на камшикот на тероризмот“ и оти борбата против тероризмот мора да продолжи, пренесува иранската новинска агенција ИРНА.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти