-->
-->
Родригез: Куба се надева на подобрување на односите со САД во 2016 година
-->

Куба се надева дека следната година ќе ги подобри односите со САД, изјави шефот на кубанската дипломатија Бруно Родригез.
- Се надеваме дека во 2016 година односите со САД ќе бележат напредок, ако се укине економската блокада и ако се вратат териториите, кои Вашингтон незаконски ги присвои во Гвантанамо, истакна Родригез.
Тој додаде дека независно од напредокот во дијалогот и соработката со САД, „трговската, економската и финансиската блокада на Вашингтон кон Хавана не е променета и потребно е да се мобилизираат меѓународни напори за нејзино укинување“.
Родригез блокадата ја оцени како апсурдна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тошкоски на средби во Вашингтон
-

Едносменската настава приоритет за МОН
-

Активностите за изградба на регионална депонија течат според планот
-

Струмица се подготвува за литија со иконата на Богородица Брзопослусничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Имаат ли властите стратегија за овогодинешните пожари на депониите?
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Кризната состојба за нафтата ќе трае до 20 јули
