Роднокрајна средба на битолските писатели во Македонија

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола ја одржа 13. роднокрајна средба на битолските писатели во Македонија кои годинава разговараа на тема „Моите емотивни изблици преточени во збор“.
На собирот во Битола беа презентирани 13 излагања на исто толку писатели, а на слушателите, студенти од Педагошкиот факултет во Битола им беа подарени книги од писателот Радован П. Цветковски.
- Традиционалната роднокрајна средба на битолските писатели во Македонија е општествена и културна мисија за зачувување на вистинските вредности, за зачувување на мајчиниот јазик и култура, но пред се на пишаниот збор. Нашето послаение во заедницата, да бидеме носител на културните промени и навики за читање во градот, обврзува и мотивира за подигање на свеста за потребата од читање и за важноста на книгата во општеството, истакна Јелена Петровска, директор на НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола.
Во својата поздравна реч на собирот во Битола, Петровски потсети на проблемите со кои како што рече проблеми на книгата во овој милениум.
- Книгата, почнувајќи од овој милениум се соочува со уште еден предизвик на вечните барикади во борбата за својот опстанок, исто како и процесот на пишување и зачувување на јазиците со ограничена дифузија. Книгите се нашите сојузници во ширењето на образованието, науката и културата, и информации насекаде во светот, и затоа треба да се почитува моќта на книгите, рече Петровска.
Учесниците на 13. роднокрајна средба на битолските писатели во Македонија со минута молчење оддадоа почит на поетот и академик Матеја Матевски.
Ново на Сител
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
-

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор којшто може да го даде МВР
-

Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот
-

Мицкоски: Интензивно се работи делот од Кичево до Охрид, ќе биде готов во планираниот рок до првиот квартал в година
