Роднините на жртвите од „Џерамнвингс“ ја одбија понудената отштета

Членовите на семејствата на загинатите патници при уривањето на авионот на „Џерманвингс“ на француксите Алпи на 24 март оваа година, ги одбија понудените 25.000 евра отштета по лице, јави ДПА.
Според адвокатот на 36 од семејствата на жртвите, Елмар Гимула, отштета што ја понуди компанијата-мајка на „Џерманвингс“, „Луфтханза“ е недоволна. Гумула рече дека семејствата сметаат оти „поптифатлива би била сума од по 100.000 евра“ по жртва.
Семејставта го одбиле и вториот предлог на „Лифтханза“ за исплата по 10.000 евра на секој жив родител, дете или партнер на загинатите. Според Гумула, со ваквата понуда би биле опфатени само „ограничен круг на луѓе“.
Во авионот на „Џерманвингс“, кој според истрагата намерно го урнал копилотот Андреас Лубиц, загинаа 150 патници и членови на екипажот.
Ново на Сител
-

Андовски: Алта банка АД Битола ги исполнувала сите супервизорски стандарди пред воведувањето администрација
-

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување
-

Културата како мост за поврзување со Јапонија
-

Мицкоски: Ваква енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
-

Казино во Кичево фатено како краде струја – со уред од црниот пазар манипулирале броила и направиле штета од 44.000 евра
-

Насилничките од Ѓорче Петров кои тераа 13-годишно девојче да јаде кучешки измет упатени во поправен дом
-

Јован од Струмица освои прво место на меѓународен шаховски турнир во Србија, победи двајца интермајстори и двајца фидемајстори
-

Се обидувала да запали оган со бензин, 32-годишна жена заврши со тешки изгореници
