Родителите од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ бараат продожување на ИБ програмата

Иницијативниот одбор на родители од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Општина Центар денеска побараа од Министерството за образование и наука, од Општина Центар како и од УО на училиштето и директорката да ја преиспитаат одлуката за укунување на ИБ програмата по која учениците учат четири години, за која оваа година требало да добијат акредитација за спроведување во иднина.
Ѓоко Вешоски од Иницијативниот одбор рече дека причините за таквото укинување се неосновани и нерелавантни и дека тие како родители нема да дозволат образовниот процес на учениците и нивната иднина да бидат загрозени.
- ИБ програмата е освежување како за учениците така и за наставниот кадар, а немањето волја за прогресивен предизвик во образовниот систем е несвојствен и неприфатлив за просветната струка, истакна Вешоски.
Од родителите, пред две недели на Совет на родители, било побарано да дадат мислење за тоа дали училиштето е подготвено да поднесе ИБ апликација. Претходно, според појаснувањето на Вешоски, на наставнички совет наставниците гласале дали сакаат да продолжат со ИБ програмата, а Советот на Општина Центар донел препорака училиштето да не поднесува апликација за акредитација.
Од инцијативниот одбор нагласија дека се оградуваат од какви било политички пристрасности и влијанија.
Ново на Сител
-

Привремено одложена имунизацијата со БСЖ вакцината против туберкулоза поради несакани реакции во Хрватска
-

Остри реакции по најавата на Комората за кратење на празниците - против и МПЦ-ОА
-

Правилникот за боледување усвоен на УО на ФЗО - нема кратење на денови туку промена на медицинските критериуми
-

Мицкоски: Нема зголемување на старосната граница за пензионирање, ниту на придонесите
-

Светска банка ја зголеми прогнозата за растот на македонската економија на 3,2 отсто
-

Петрова ја прифати средбата со Муцунски - Скопје во Софија без очекувања
-

Артан Груби понуди гаранција од 335.707 евра за да му биде вратен пасошот
-

Фехми Стафа: „10 години ќе лежам, ама нема да лажам дека парите се за Ѓоко“
