Балкан
5. April 2016 - 10:43

Родители внимавајте: Се запали компјутер во стан, целото семејство излета надвор

Во станбена зграда во белградската населба Плави хоризонти рано утрово окол 6.30 часот изби пожар.

Во справувањето со огнот кој го зафати станот на 2 кат од зградата во улицата „Исидор Стојановиќ“ 51, учествувале 4 противпожарни екипи и 17 пожарникари.

Foto: Printscreen

Семејството Дервишевиќ, двајца возрасни и две деца се евакуирани и поради чадот префрлени во Клиничкиот центар Бежанијска коса.

Таткото се разбудил откако пожарот веќе зафатил делови од станот во новата зграда во оваа населба. Го разбудила празната батерија на компјутерот кој пиштела, а веднаш потоа забележал чад кој доаѓал од под вратата.

-Целосно изгореа трпезаријата и дневнаа соба, а во кујната се зафатени само апаратите. За среќа мојот кум навреме го видел чадо, па ги тргнал жената, децата и кучето на сигурно, вели кумот на семејството Девишевиќ, Небојша Кратун.

Foto: Printscreen

Пожарот е изгаснат, а неофицијално причина е запалениот компјутер.