-->
-->
Родила идентична тројка, а ќе се воодушевите како нивната мајка ги разликува
-->
Беки Ален, 23 годишна мајка од Ливерпул, донела на свет идентична тројка за која веројатноста е 1:200 милиона - синовите Рохан, Роман и Рохан. Самата информација дека Беки носи тројка била голем шок за неа, а потоа кога пристигнал ДНК тестот кој потврдил дека станува збор за идентични момчиња, на нејзината среча немало крај.
Иако сите веруваат дека децата се зачнати по вештачки пар, Беки тврди дека се било природно и затоа шансата тоа да се случи е 1:200 милиони.
Сепак, новопечената мајка тврди дека нема проблем да ги распознае иако се исти.
- Кога беа новороденчиња, беше тешко, но никогаш ги немам помешано. Сите имаат бенка кај образот и Роман малку е потемен и има уште една бенка кај ногата и тага ги памтам. Лекарите останале во неверување кога ги виделе дека се идентични, вели Беки.

Се породила со царски рез, а пред тројката на свет ја донеала ќеркичката Индиана.
- Рохан е најгласен, секогаш за нешто вика. Роко па од друга страна е опуштен, но знае да се забавува, додека Роман е себичен и не сака да дели. Секогаш оди на исти играчки и се обидува да дојде до нив пред своите браќа. Индиана ги сака и не е воопшто љубоморна, но мислам дека ќе и биде тешко да расте со тројца браќа, рекла таа.
Овие три момчиња трошат 130 пеленина една недела и четири кутии марамици, додека мечната формула им трае околу два дена, а пералната непрекинато работи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Наскоро тендер за целосно сервисирање на жичницата, остранувањето на дивоградбите продолжува
-

Оперативна акција Global Chain за сузбивање на трговија со луѓе: Откриени три кривични дела и 49 прекршоци во нашата држава
-

Трамп: Или ќе биде постигнат договор со Иран или САД ќе ја довршат работата
-

Јаневска: Околу 30 ученици испратени на меѓународни научни олимпијади без грижа за трошоци
-

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари
-

Трамп: Решавањето на украинскиот конфликт е поблиску отколку што мислат луѓето
-

Аеродромот на Сицилија затворен поради активност на вулканот Етна
-

СП 2026: Трамп призна дека побарал од Инфантино да го разгледа исклучувањето на Балогун
