Родените во декември: Храбри оптимисти кои обожаваат да патуваат

Декември е еден од најстудените месеци во годината, а според многумина еден и од највеселите месеци.
Луѓето родени во овој месец се делат во 4 групи:
1-8 декември
Тие се отпорни на неволји. Столбови на нивниот живот се доследност и стабилност. За некои луѓе, тие делуваат многу арогантно, но всушност се полни со здрава самодоверба поради која другите ги доживуваат така. Имаат изразена сила и храброст. Многу се друштвени и сакаат да бидат меѓу луѓето.
9-15 декември
Ако ви е потребен некој за конструктивен разговор или рамо за плачење, можете да се потпрете на овие луѓе. Тие секогаш ќе бидат тука да ви помогнат. Сјајни се во давањето совети, силни се и без проблеми се снаоѓаат во секоја животна препрека.
Тие се снаодливи и во решавањето проблеми, како своите, така и туѓите. Одлични се и често многу посветени на остварувањето на целите.
16-22 декември
Овие луѓе се родени под среќна ѕвезда. Тие се независни индивидуалци кои веруваат во слобода и живеат според сопствени правила, не оптоварувајќи се со мислењето на другите. Одлично се снаоѓаат во работи кои бараат добра концентрација. Имаат силна смисла за мода и лесно го привлекуваат вниманието на другите.
23-31 декември
Некои од најголемите оптимисти кои ги знаете се родени во овој период. Многу се емотивни и друштвени, а таа комбинација резултира со голема посветеност во семејството и пријателите.
Кога станува збор за пријателството, тие не пуштаат лесно луѓе во својот мал круг. Сакаат тоа да се одлично избрани личности, кои ќе ја стекнат нивната доверба. Креативни се и полни со сјајни идеи.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
