Македонија
17. April 2018 - 16:14

Рочиштето за „Монструм“ одложено – родителите бараат Заев да ги достави транскриптите од прислушуваните разговори

Премиерот Зоран Заев манипулира со доказите кои можат да ја откријат вистината во случајот „Монструм“, обвинија роднините на убиените момчиња.. Тие на денешната расправа на судот му посочија дека тогашниот лидер на опозицијата ги примил на разговор во партиското седиште на СДСМ каде им покажал разговор меѓу еден од обвинетите и висок функционер на ДУИ.

„Кога бевме кај Заев рече дека ќе ни даде 6 разговори државна тајна за шестмина функционери на ДУИ, партија која тогаш беше нивни политички противник. Заев не го исполни ветувањето, од политички причини не ни ги даде разговорите“, изјави пред судот Горан Наќевски, татко на убиениот Александар..

И роднините на обвинетите бараат да се објават бесправно снимените разговори.. Велат дека како демократска земја, секој граѓанин бил политички определен па затоа и постојат тие разговори..

Од специјалното јавно обвинителство кое го презеде предметот не ги коментираат снимените разговори кои ги п

осочуваат роднините на одбраната и оштетените. Велат дека во текот на постапката ќе ги презентираат сите наводи за случајот.

Во меѓувреме, Невзат Бејта од ДУИ за кого е сомневањето дека зборувал со обвинетите, за медиуми изјави дека не сака да дава нкоментари за случајот и дека на пат надвор од државата.  

Инаку денешната расправа се одложи поради отсуство на обвинетиот Фезји Азири за кого неговиот адвокат приложи документ од Клиниката за пулмологија каде Азири вчера бил хоспитализиран. Судијата Огнен Ставрев, закажа три термини за судење во следните два месеца.