Роби Вилијамс се плаши од родителски состаноци

Некои луѓе се плашат од страшни приказни, други од кловнови, трети од пајаци..., но за британскиот музичар Роби Вилијамс најголем ноќен кошмар се родителските состаноци и често се извлекува со неодложна обврска во студио само за да не мора да присуствува на нив.
Популарниот пејач е татко на 12-годишната Теодора Теди Роуз и на 10-месечниот Чарлтон. Иако сака да учествува во нивното воспитување, Вилијамс одбива да оди на родителски состаноци.
Тој едноставно се замрзнува од страв на помислата дека ќе се најде со други родители во иста просторија, па затоа често лаже дека е зафатен.
- Или ќе испијам валиум и одам или ќе излажам дека мора да бидам во студиото. Таа лага ми помага да се извлечам од незгодни ситуации. За што воопшто имаме да разговараме? Навистина не знам за што би можеле да расправаме, објасни Вилијамс во изјава за „Мирор“.
- Не ги сакам премногу луѓето и не сакам да бидам во просторија преполна со мајки и татковци. Од тоа ми се крева косата на глава. Еднаш во градинката на Теди организираа некоја свеченост. Бев преплашен, се довери тој.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Петковски, аналитичар
-

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите, фокус е ефикасност на институциите
-

Кога бесплатен роаминг со ЕУ?
-

Софија не прифаќа европски медијатор во дијалогот со Скопје
-

Откупот на тутунот ќе започне на 16 ноември, се очекува откуп во една класа по цена нешто поголема од лани
-

Партиите со меѓусебни обвинувања за Алта банка
-

Независниот синдикат на професионални војници излезе на протест пред Владата
-

Во Дојран откриен најстариот меч во Македонија, стар околу 3.500 години
