Ритуал кој младите момчиња ги претвора во мажи

Во селата на Пантекоста не се никаква реткост дрвените конструкции високи од 20 до 30 метри, кои се издигаат над скромните домови на тамошниот народ.
Тие се градат за спроведување на ритуал кој во поголемиот дел од светот е забранет со закон: гол, како што го нарекуваат на јазикот са, или нангол, на јазикот бислама.
Овој ритуал подразбира децата да се врзат за зглобовите на нозете на раб на карпа и да скокнат од една од овие дрвени кули, со што покажуваат одважност неопходна за влез во светот на возрасните.
Според легендата, овој ритуал се спроведува од денот кога една жена побегнала од својот сопруг Тамали, бидејќи не сакала да има сексуални односи со него. Таа трчала низ шумата и кога веќе немала каде, се качила на дрво. Меѓутоа, Тамали ја видел и се качил по неа на дрвото. Мудрата жена врзала импровизиран лијан околу зглобот на ногата и скокнала од дрвото, а гневниот сопруг скокнал по неа не врзувајќи ги нозете и загинал.
Од тогаш, обичајот децата да скокаат од дрво се спроведува во време на жетва на батафа, во април, мај или јуни, а тамошното население верува дека колку скоковите се поуспешни, толку и жетвата ќе биде подобра.
Учесниците се сметаат за „стасани“ за скоковите откако ќе се обрежат, обично околу седмата или осмата година. Додека тој скока, неговото семејство мора да го гледа, а мајката го држи неговиот омилен предмет од детството.
Откако детето, сега веќе момче, повторно ќе биде на безбедно, мајката го фрла овој предмет, со што покажува дека деството му е завршено.
Со тек на времето, ова станало своевидна туристичка атракција, наспроти бројните обиди на власта и странските борци за човекови права, оваа традиција да се укине.
Нешанл Џеографик - Вашингтон
Ново на Сител
-

Приведени 22 возачи за „безобѕирно управување возило“, 13 возеле без положен возачки испит
-

Артилериска граната пронајдена кај битолското село Меџитлија
-

Трамп: САД и Иран постигнаа договор вчера, Техеран го прекрши со нов напад
-

Сиљановска Давкова: Галичка свадба привлекува сѐ повеќе посетители од земјата и од странство, останувајќи еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет
-

СП 2026: За Белингем најважно е да остане позитивна атмосфера
-

Приведен 16-годишник кој со нож избодел две години помладо момче
-

МВР: Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Шар Планина
-

УХМР: Во Куманово и околината поројни дождови, а невремето се движи од запад кон исток
