Ристовски во штрајк со соиграчите во Спортинг
Поразот од Атлетико во Мадрид во првиот четвртфинален дуел до ЛШ донесе големи потреси во редовите на Спортинг чии фудбалери го бојкотираа тренингот по неумерените критики од претседателот Карваљо.Кавгата доаѓа во незгоден момент, а Стефан Ристовски им се приклучи на соиграчите, кои го бојкотираа тренингот, по што следеше суспензијата.
Карвалјо е под притисок во клубот и беше обвинет од конкурентите за претседателската функција дека на неспортски начин ги доби изборите, па сега повлече и потег по кој дополнително се вжештија страстите во Спортинг.
Играчите се незадоволни од неговите коментари, па не тренираа, по што следеше казната за 19 играчи. Меѓу нив е и нашиот репрезентативец Стефан Ристовски, иако тој ретко добива шанса да игра и не настапи во поразот од Атлетико Мадрид од 0:2.
Ново на Сител
-

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ бара утре да продолжи надзoрната расправа за Aлта банка
-

СДСМ поднесе кривична против гувернерот за Алта банка
-

Новата шефица на ОЈО ГОКК најавува поефикасен прогон, Алта банка е меѓу темите што се следат
-

Радев: Проблемите на Бугарите во Mакедонија се влошуваат
