-->
-->
Ристоски: Ова е голема ноќ за нас
-->

Голема победа постигнаа македонските одбојкари во полуфиналето од Европската лига совладана беше Естонија со 3:0.
Селекторот Жарко Ристоски по дуелот истакна:
- Ова е голема ноќ за нас. Од натпревар во натпревар игравме се подобро и тимот заслужи да игра во финалето. Сакам да им честитам на сите играчи. Тие ветија дека ќе се борат за секој поен и тоа го направија. Лани игравме полуфинале, сега сме во финалето и ова е најголем успех за македонската одбојка. Ветуваме дека нема да застанеме тука. Утре е нов ден и нов предизвик за нас.
Честитки стигнаа и од противничкиот табор.
- Македонскиот тим ја заслужи победата. Од самиот почеток на натпреварот тие покажаа карактер и во оние моменти тие покажаа верба во себе и дека се силни како тим. Ние треба да се разбере дека кога ќе излеземе мора да бидеме како тим, а не како група на поединци, изјави селекторот на Естонија Георге Карету.
Капитенот на Естонија Керт Тобал изјави:
- Честитки Македонија. Вечерва тие покажаа што значи да се биде тим и тоа како еден тим треба да игра, без разлика кој е на противникот. На крајот и двете екипи беа изедначени и неколку топки беа решавачки. Тоа е причината зошто еден е победник, а другата е губитник.
Македонија утре од 20 часот го игра финалето против Словенија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
