-->
-->
Резолуција на СБ на ОН за поддршка примирјето во Сирија
-->
Русија и САД до Советот за безбедност на ОН поднесоа Предлог-резолуција со која се повикува на целосно почитување на договрениот прекин на огнот во Сирија, што треба да стапи во сила вечер на полноќ по сириско врема (23 часот по средноевропско време).
Како што јави ТАСС, во документот се бара од сириската армија и од опозициските групи да „ги прифатат и поддржат условите за прекин на борбените дејствија и да учествуваат во него“’.
Кон Предлог-резолуцијата се приложени и руско-американската Декларација за прекин на огнот во Сирија, што беше усвоена во понеделникот, како и листа на групите кои најавиле дека ќе го почитуваат примирјето.
Се очекува Советот за безбедност на ОН да ја усвои предлот-резолуцијата во текот на денешниот ден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток