Македонија
6. November 2015 - 15:21

Револт меѓу припадниците на полициските специјални единици

Името на Оливер Спасовски, кој е предложен за нов министер за внатрешни работи, предизвика револт кај припадниците на специјалните полициски сили.
 
Голем број од специјалците на полицијата сметаат дека на Спасовски не му е местото во Министерството за внатрешни работи, а особено не како прв човек на полицијата.
Специјалците велат дека Спасовски по случувањата во кумановско Диво Насеље на 9-ти мај, наместо да ги посети полициските службеници кои беа повредени, а лекарите се бореа да ги спасат нивните животи, тој и неговиот лидер Зоран Заев ден по случувањата заминаа во кумановската населба да се сликаат со жителите.
 
Револтирано, полициските специјалци прашуваат како е можно човек кој ниту еднаш не дал поддршка за акцијата насочена кон неутрализирање на терористичките структури во Македонија, ниту ги посети повредените полицајци, да биде шеф на македонската полиција.