Ревитализирано осветлувањето пред спомен костурницата во Кавадарци

Ревитализирано е јавното осветлувањето на платото пред спомен костурницата во кавадаречкиот градски парк, со шеснаесет нови сијалични места и пет рефлектори.
Општината во рамките на проектот за редовно одржување, целосно ги замени старите светилки на единаесет канделабри на партерот околу костурницата, како и на петте заеднички столбови кои се носачи на светилки и на рефлектори. Целосна замена е извршена и на старите искршени и дотраени амбиентални рефлектори кои ја осветлуваат костурницата, информираат од локалната самоуправа.
Просторот на платото отсега ќе биде осветлен со лед светилки и рефлектори од новата генерација, со што спомен костурницата во ноќните часови ќе биде достапна за посетителите.ж
Работите беа дел од обемниот проект на општина Кавадарци за реконструкција на јавното осветлување во паркот, каде специјализирана екипа работи на замена на комплетите светилки, оштетените кабли од нисконапонската мрежа во канделабрите и од подземната инсталација од јавното улично осветлување во градскиот парк, додаваат од Локалната самоуправа.
Ново на Сител
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
