Живот
1. March 2018 - 15:08

Ретка болест поради која заболените не смеат да плачат или да се потат!

Многу ретка алергија која е во состојба за само 15 секунди во допир на кожата со вода да предизвика сериозни пликови и сипаница по целото тело.

Тоа заболување создава сериозни животни проблеми на оние кои ја имаат, како што е случај со18 месечно бебе Ајви Енгерман, за кое родителите на почетокот мислеле дека е алергично на сапун или шампон.

Кога го однеле на лекар, констатирано е дека за таквата состојба на нивното бебе причина е водата. На бебето му е констатирана аквагена уртикарија, уште покомплициран облик на алергија на вода, пишува Njuzhab.

Од тоа заболување во целиот свет регистрирано е само кај 50 луѓе.

Заболени од акваген уртикарија личната хигиена најчесто ја одржуваат со влажни марамици. Сепак понекогаш се принудени да се искапат, кое за нив претставува болно чуство.

Проблеми предизвикува пота и солзите, бидејќи со секое нивно излачување предизвикува сипаница и пликови. Заболените исто така мора да бидат внимателни и да се тргаат од дожд.

Од помош можат да им бидат лековите антихистамицини, кој се користи во лечење на многу алергиски болести, но кај многу млади личности, како што е 18 месечното бебе се појавува проблем каде што организмот би можел да стане имун на нив.

Бидејќи аквагена уртикарија е толку ретка болест, има многу малку информации достапни за тоа како таа ќе влијае на младите заболени од оваа болес во иднина.

Основната потреба за течност заболените ја задоволуваат со конзумација на напитоци, сок, пиво...

Родителите на малата Ајви моментално собираат сретства во износ од 25.000 долари како би можеле да ги платат лековите за својата ќерка, како и да го финансираат истражувањето, кое веруваат дека еден ден би можело да допринесе во нејзино трајно излекување.