Рестрикција на вода во Дебар

Дебарското Јавно комунално претпријатие „Стандард“ воведе тричасовна рестрикција на вода, која може да биде и повеќечасовна.
-Поради злоупотребата на водата за пиење, дебарското јавно комунално претпријатие „Стандард“ беше принудено да воведе тричасовна рестрикција, која може да биде и повеќечасовна доколку граѓаните не станат посовесни, изјави Мазлум Леши, директор на претпријатието.
Според него, во главниот градски резервоар доаѓа количина на вода која би ги задоволила потребите на град со неколкупати повеќе жители, што значи дека доколку таа рационално се користи во градот никогаш нема да се размислува за рестрикција.
-Во градскиот резервоар пристигнуваат по 120 литри вода во секунда, но поради злоупотребата бевме приморани да воведеме рестрикција. Дебар се снабдува со најквалитетна вода за пиење, која доаѓа од изворите во селото Росоки, но за жал, со неа се наводнуваат зелени површини, се мијат дворови па дури и тротоари, вели Леши.
Тој ги негира гласините дека рестрикцијата е воведена поради дефект или поради нередовното подмирување на сметките за потрошена вода и подигнат смет.
Токму поради масовната злоупотреба на водата за пиење во градот редовно секое лето се воведува рестркција која трае и до шест и повеќе часови дневно.
Ново на Сител
-

Стартува новата учебна година за околу 238.000 ученици
-

Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината
-

Стартува новата учебна година во Охрид
-

Во Прилеп се запишаа 510 првачиња, 5.600 ученици има во основното, а 2.800 во средното образование
-

Муцунски од Бледскиот форум: Време е ЕУ повторно да ја покаже политичката волја за проширување
-

Тема на денот со потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска
-

Ангелов: Пожарот на Пелистер еден од најтешките за гаснење
-

Транспортерите на предупредувачки протест ако нема решение, ќе ги блокираат границите
